ПОВЕЌЕ

    Како ќе се одрази вонредната состојба?

    Време зa читање: 4 минути

    Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба заради заштита и справување со последиците од коронавирусот. Како што соопшти тој во обраќањето до јавноста, вонредната состојба ќе трае 30 дена.

    Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Со прогласување на вонредна состојба претседателот може да суспендира одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права.

    Вонредната состојба значи повеќе можности за Владата да се справува со коронавирусот и со економските последици. Во однос на начинот на функционирање на државата и општеството, вонредната состојба сама по себе не воведува нови ограничувања за граѓаните. Додека не се донесат нови мерки од Владата, сѐ останува исто во поглед на секојдневниот живот. Маркетите и натаму ќе работат, компаниите исто така, а институциите непречено ќе ги извршуваат сервисите. Во овој момент нема нови ограничувања на движењето на граѓаните. Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата. На сите нас останува да се придржуваме до мерките и препораките на институциите, со цел побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот., вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

    „Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Оттаму, има правен основ (со правна сила на уставен основ) за прогласување на вонредна состојба заради погоренаведените причини, односно исполнето е битието на одредбата за прогласување на вонредна состојба – состојба на епидемија со оглед на се’ поголемите размери кои заразата ги добива, односно достигнува размери на епидемија. Дополнително, потребата од прогласување на вонредна состојба во моментов произлегува од потребата да се обезбеди институтционалната инфраструктура за справување со оваа состојба. Имено, ширењето на КОВИД-19 заразата се појави во време кога Република С.Македонија е донесена одлука за организирање на предвремени избори, односно Собранието е самораспуштено и функционира ткн.„техничка влада“. Мерките кои властите ги преземаа за справување со ширењето на КОВИД-19 заразата се соодветни и навремен и мора да се пофали начинот на справување со оваа состојба. Така, прогласувањето на вонредна состојба не е директно поврзано со засилување на мерките за справување со ширењето на заразата, туку е поврзано со оние мерки кои треба да се преземат за справување со последиците од ширењето на заразата, првенствено економски“, вели Огњаноска, пишуваат од Локално.

    – Со воведување на вонредна состојба, Владата, согласно членот 126 од Уставот, добива право да носи #уредби со законска сила. Тоа се акти со кои ќе регулира прашања кои во нормална ситуација се во надлежност на Собранието. Уредбите со законска сила имаат еднаква правна сила со законите и со нив ќе можеме да измениме одредени законски одредби или да донесеме одредени мерки кои се итно потребни, а кои без прогласена вонредна состојба, би требало вообичаено да поминат законска постапка во Собранието, истакнува министерката за правда Рената Дескоска.

    Според министерот Венко Филипче вонредна состојба значи дека Владата добива и Законодавна и Извршна власт. Со тоа, се олеснува работата на Владата во време на кризи и истата може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно. Владата тоа го прави преку носење на Уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.

    Вонредната состојба значи исто така дека ќе работат сите објекти и дејности како што работеле и до сега.

    Ова е првпат од независноста да се прогласи вонредна состојба,

    Како ќе се постапува во вонредна состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично