Зборот „финансиска технологија” (ФинТек) беше измислен во раните 90-ти за подобро да се дефинираат технологиите кои ќе го унапредуваат банкарското и финансиско работење. Во 21 век, ФинТек донесе голем број на иновативни финансиски решенија кои ја искористија технологијата во нови и креативни начини. Постојат повеќе иновации на ФинТек.
Вештачка интелигенција
Вештачката интелигенција во финансиските услуги се однесува на употреба на решенија и услуги кои можат да бидат поткрепени или подржани од страна на информатички системи предводени од вештачка интелигенција. Нејзина употреба може да доведе до подобрување на оперативната ефикасност, намалување на трошоците и подобрување на искуството кое клиентите го имаат со банкарските и финансиски институции.
Блокчејн
Блокчејн технологијата е децентрализирана мрежа што води до неповратна евиденција за трансакции или документ на вредност.
Финансии на потрошувачите
Ова се однесува на можноста, самите потрошувачите да управуваат со нивните лични трошоци, долгови и заштеда, со помош на модерна технологија.
„Crowdfunding”
„Crowdfunding” е употреба на лесно достапни мрежни платформи каде поединци и организации можат да соберат пари за разни проекти.
„InsurTech”
„InsurTech” се однесува на целиот спектар на технолошки апликации во осигурителната индустрија. Тој има потенцијал да ги направи административните активности и обработката на податоци далеку побрзи и посигурни, притоа намалувајќи ја веројатноста за измама во побарувањата за осигурување.
Инвестициска технологија
Инвестициските технологии се платформи наменети за малопродажба и институционални инвеститори, кои служат за истражување и инвестирање финансиски средства. Тие исто така вклучуваат компании кои нудат решенија за финансиски институции и обезбедување на услуги поврзани со инвестиции.
„P2P” заеми
Заемот од „peer-to-peer (P2P)” претставува одговор на потребата на заемопримачот за финансирање од инвеститори кои бараат принос. Поединци или сопственици на мали бизниси кои можеби нема да се квалификуваат за банкарски заеми, сега можат да позајмуваат од небанкарски позајмувачи.
Плаќања
Неодамнешните иновации во дигиталните плаќања овозможуваат брза, безбедна и економична трансакција. Начини на плаќање вклучуваат е-паричници, онлајн плаќања и дигитални валути, кои го олеснуваат националниот и интернационалнит трансфер на пари.
Робо-советници
Робо-советници претставуваат автоматизација на финансиски советодавни препораки за инвестиции засновани на алгоритми, користејќи дигитализирана платформа. Тие можат да ги намалат таксите за инвестиции и да им понудат на потрошувачите алтернатива за мрежно инвестирање.