ПОВЕЌЕ

    Охридска банка со известување за финансиските резултати во периодот 1 јануари – 30 септември 2019 година

    Време зa читање: 2 минути

    Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1.2019 до 30.9.2019 г. изнесува 385,6 милиони денари. На остварениот резултат влијание имаа порастот на нето приходите од провизии и нето приходите од курсни разлики, но и повисокиот раст на исправката на вредноста на финансиските средства, намалувањето на нето приходите од камати и останатите приходи поради што остварениот резултат бележи намалување за 146 милиони денари или 27,5 % во споредба со истиот период минатата година.

    Нето-приходите од камати на крајот од септември 2019 година изнесуваат 831,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 41 милиони денари, или за 4,7 %. Реализацијата на нето каматните приходи е под влијание на пазарниот притисок на каматните маргини, односно намалувањето на активните каматни стапки кое не е следено со исто темпо на страната на пасивните каматни стапки.

    Нето-приходот од провизии и надоместоци, во износ од 255,7 милиони денари, е зголемен за 22,3 милиони денари, или за 9,5 %, во однос на истиот период минатата година. Приходите од провизии и надоместоци бележат посилен раст од 40,0 милиони денари со позитивен придонес на провизиите од платниот промет во земјата, провизиите од услуги кај кредитните производи, издадени гаранции, картичното работење, ново воведените производи како пакетите, електронското и мобилно банкарство.

    Каматните трошоци бележат зголемување за 45,2 милиони денари, или за 17,03 %, резултат на зголемениот обем на депозити на клиенти, како и зголемените каматни трошоци по основ користени средства од меѓународните финансиски институции поради зголемениот обем.

    Зголемувањето на трошоците за провизии и надоместоци изнесува 17,7 милиони денари, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење, зголемениот број корисници на новите услуги односно услугата – mass mailing, зголемени надоместоци на активностите на управување со готовината поради промена на тарифникот на надоместоци за услугите од НБРСМ, пораст на надоместоци за трансфер на ефективни парични средства, зголемени административни надоместоци за користење на нови кредитни линии од меѓународни финансиски институции.

    Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ септември изнесуваат 579,5 милиони денари, а споредено со претходната година, бележат зголемување од 20,2 милиони денари, или 3,6 %.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично