ПОВЕЌЕ

    Ангеловска: Е-трговија има огромен потенцијал, ги охрабрувам компаниите да го искористат

    Време зa читање: 2 минути

    Менаџирањето на бизнис во е-трговија бара мултисекторска соработка, широки познавања од многу полиња и многу пасија. Огромен е потенцијалот на е-трговијата за мала земја како нашата. Отклучувањето на тој потенцијал бара партнерство и здружени сили на владиниот, невладиниот и реалниот сектор, академијата и провајдерите на неформално образование како и граѓаните, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на отворањето на втората годишна Конференција за е-трговија на тема “Бизнис раст со е-трговија” на која присуствуваат повеќе од 400 учесници од над 200 компании и организации, а свое знаење и искуство ќе споделат 30 говорници од земјата и странство.

    Податоците на Народна банка покажуваат дека македонците потрошиле 84 милиони евра на онлaјн купување со платежни картички во првото полугодие од 2019 година, што е за 26 отсто повеќе споредено со истиот период лани.

    -Министерството за финансии има неколку иницијативи поврзани со предизвиците идентификувани од е-трговците. Со новиот закон за платежни услуги кој наскоро треба да биде донесен ќе се овозможи либерализација на пазарот и можност за влез и развој на финтек солуции односно софистицирани платежни решенија. Веќе се работи и на конципирање на акциониот план за таргетирано делување на сивата економија, што ќе им помогне на бизнисите во борбата со нелојална конкуренција – укажа Ангеловска.

    Министерката Ангеловска посочи дека владиниот сектор треба да ги поттикне компаниите, особено малите и средните компании, овозможувајќи им да растат и да се развиваат со е-трговијата. Нагласувајќи дека бизниот е партнер на Владата, министерката Ангеловска ги охрабри компаниите да иницираат промени, бидејќи само со здружени сили и холистички пристап може да се оствари прогрес.

    Асоцијацијата за е-трговија е формирана пред 2 години со цел да придонесе за напредок на електронската трговија и креирање на поволна бизнис околина за раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично