ПОВЕЌЕ

    Охридска банка со нов Надзорен одбор – Предлог-одлуки за именување на нови членови од Австрија

    Време зa читање: 2 минути

    Охридска банка преку Македонската берза ги објави предлог одлуките за престојното Собрание на акционери закажано за 8.11.2019 година. Имено, доставена е предлог-одлука за разрешување се следните членови на Надзорниот одбор на Охридска Банка АД Скопје: Жан-Филип Гијом, претседател и член на Надзорниот одбор, Ален Жерард Конус, член на Надзорниот одбор и Марија Којчева-Русева, член на Надзорниот одбор.

    Истовремено за членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје се предлагаат: Георг Бухер, Ханс Лудвиг Диксер, Славиша Којиќ и Валбурга Зајдл, сите од Р. Австрија. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години. Истоимените се дел од моменталниот Надзорен одбор на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје каде Георг Бухер е претседател, Вајбурга Зајдл е заменик претседател, а останатите Славиша Којиќ и Ханс Лидвиг Диксер се членови.


    д-р Георг Бухер, претседател на Надзорен одбор на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично