Станете дел од тимот на УНИ Банка
Администратор за мрежа и телекомуникации во Дирекција Информатичка технологија
Образование:
- VII – 1 степен стручна подготовка – Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии.
Опис на работно место и одговорности:
- Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
- Мониторирање на мрежна инфраструктира и мрежен сообраќај;
- Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips);
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
- Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура;
- Администрирање и извршување на регуларни резервни копии;
- Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
- Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;
- Конфигурирање и администрирање на IP телефонија.
Способност:
- Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
- Тимски дух, позитивен став и однесување;
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
- Познавање на англиски јазик читање и пишување;
- Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
- Претходно работно искуство како мрежен администратор ќе биде земено како предност.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 11.10.2019 година.
Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.