Сава осигурување АД Скопје објавува оглас за вработување во ИТ секторот:
Дигитализацијата во осигурителниот сектор забрзано расте, а со тоа и неговите ИТ оддели. Како предводници во модернизацијата на нашата индустрија, ние сме отворени за нови предизвици и го прошируваме успешниот ИТ тим на Сава осигурување со нови 2 места. Затоа, станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување АД Скопје!
Работно место:
„Самостоен стручен соработник за процеси“ во Самостојната служба за ИТ во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.
Опис на работно место:
Кодирање на програми, односно создавање на програми во бараниот програмски јазик;
Тестирање на програмите;
Извршување на покомплексни програмски задачи;
Предлагање решенија за подобрување на работните процеси во полето на технологии на осигурувања;
Предлагање апликациски подобрувања на процесите во полето на технологии на осигурувања;
Подобрување на процесите во полето на технологии на осигурувања;
Координирање на проектите во полето на технологии на осигурувања;
Извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни квалификации:
Завршенo високо образование (ВСС) од областа на информатичката технологија, односно факултет од инженерско-техничка област;
Искуство и познавање на работа од областа на информатичката технологија (програмирање, бази на податоци);
Познавање на англиски јазик;
Способност за тимска работа.
Услови за вработување:
Број на извршители: 2 (двајца);
1 извршител со работа на определено време од 6 (шест) месеци;
1 извршител со работа на неопределено време;
Избраните кандидати ќе работат со полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со колегите од тимот, како и работните задачи добиени во текот на работното време кое што започнува од 08.00 и трае до 16.00 часот.
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување АД Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: [email protected]. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Самостоен стручен соработник за процеси во Самостојна служба за ИТ“.
Рокот за пријавување е 5 (пет) дена од последниот ден на објавата на огласот, односно заклучно со 19.9.2019 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Линк до ОГЛАСОТ.