
Со доделување на сертификатите на учесниците заврши второто издание на ПроКредит Бизнис Академијата, кое низ три едукативни модули ги отвори клучните теми за развој на еден бизнис, од продажба и финансии до градење тим што може да го поддржи неговиот понатамошен раст.
По успешното прво издание, ПроКредит Банка годинава продолжи со втората генерација на Бизнис Академијата, програма наменета за компании и претприемачи кои сакаат да инвестираат во сопственото знаење и во развојот на својот бизнис.
Годинава Академијата обедини 120 претприемачи од различни индустрии, кои имаа можност да работат на конкретни бизнис-предизвици, да разменуваат искуства и да стекнат практични знаења применливи во нивното секојдневно работење.
Низ едукативната програма учесниците ги водеа предавачи и бизнис консултанти од ALPHABET Group, кои преку своето професионално искуство, практични примери и отворени дискусии ги обработија клучните теми за развој на еден бизнис.
Три модули за три важни аспекти од развојот на бизнисот
Првиот модул беше посветен на продажбата, со практични примери и разговори за предизвиците со кои претприемачите се соочуваат во секојдневното работење.
Во вториот модул фокусот беше на финансиите и подоброто разбирање на бројките зад бизнисот, од создавањето добивка и движењето на парите до носењето подобри деловни одлуки.
Третиот модул беше посветен на интерното претприемништво и тимот што го движи бизнисот, со фокус на создавање средина во која иницијативата, одговорноста и носењето одлуки не зависат само од сопственикот.
На овој начин, програмата ги поврза трите важни области за развој на една компанија: продажбата, финансиската стабилност и тимот.„Нашата желба е знаењето и искуствата стекнати преку Бизнис Академијата да не останат само дел од програмата, туку да се применуваат во секојдневното работење и да придонесат кон градење силни, стабилни и одржливи бизниси. За нас, Академијата не завршува со доделувањето на сертификатите, туку претставува основа за долгорочна соработка, поврзување и заеднички раст со претприемачите и компаниите“, истакна Ана Николова, директор на Одделот за бизнис во ПроКредит Банка.
Второто издание заврши со свечена церемонија во Централната управа на ПроКредит Банка, каде на учесниците им беа доделени сертификати за успешно завршување на програмата.
Преку Бизнис Академијата, ПроКредит Банка создава простор претприемачите да стекнат практични знаења, да разменуваат искуства и да се поврзуваат. На тој начин, банката продолжува да придонесува кон развојот на домашната бизнис-заедница преку финансиска поддршка, знаење и долгорочни партнерства.
Со завршувањето на втората генерација, ПроКредит Бизнис Академијата продолжува да гради заедница на претприемачи кои учат, се поврзуваат и растат заедно.
ПР Објава.
Аналитика








