
Стефан Ристовски од Институтот за европски политики(ЕПИ) во „Каде се парите? со Горан Теменугов“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
До крајот на декември на Македонија ѝ истекува дополнителниот рок за дел од реформите од кои зависи исплатата на европските пари. Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Стефан Ристовски од ЕПИ пресметува дека станува збор за 21 реформски чекор со вкупна вредност од околу 103 милиони евра. Секој чекор има своја цена, па износот што ќе можеме да го повлечеме зависи од тоа кои обврски ќе ги исполниме навреме. За секоја од нив Владата треба да достави докази што сработила. Европската комисија ги проверува доказите и може да оцени дека обврската сè уште не е исполнета, дури и кога Владата смета дека ја завршила работата. Што се случува со парите за чекорите за кои ќе истече и последниот рок?
„Ако добра ми е пресметката, станува збор за некој 21 чекор во вредност од 103 милиони евра. Овие реформи или реформски чекори ги вклучуваат сите пет области, шест во нашиот случај, и да, навистина бара усвојување на некои сериозни реформски зафати, за да се осигураме дека сето тоа што е до декември 2026 година ќе биде исполнето. Затоа што кога се вели грејс периодот, кога истекува грејс периодот и не се исполнат реформските чекори, тие средства ги губиме, условно кажано.“
Аналитика








