ПОВЕЌЕ

    ПОЕВТИНА НАФТА, ПОНИСКА ИНФЛАЦИЈА, ПОНИСКИ КАМАТИ – МОЖЕ ЛИ 2027 ДА ДОНЕСЕ ПРЕСВРТ

    Време зa читање: 2 минути

    Ако нафтата продолжи да поевтинува, тоа може да отвори пат кон пониска инфлација и пониски камати, а со тоа и подобри услови на финансиските пазари во 2027 година. Румен Крепиев во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека продолжувањето на овој тренд би било позитивен сигнал за повеќе пазари и региони. Поевтината енергија би го намалила инфлацискиот притисок и би создала простор за намалување на каматните стапки. Но, за позитивна година на берзите ќе бидат важни и резултатите на технолошките компании, од кои инвеститорите имаат големи очекувања. Неговата оценка е дека постојат предуслови за подобра година, доколку се задржат поволните движења на нафтата и добрите деловни резултати.

    „Сметам дека ова што се случува барем со цената на нафтата и доколку овој тренд продолжи, е доста добар сигнал и има широк ефект на повеќето финансиски пазари и региони… бидејќи тоа влијае и на намалување на инфлацијата, потоа влијае и на намалување на каматните стапки и може да биде добар поттик генерално за сите финансиски пазари, особено пазарите на капитал, меѓутоа и на намалување на прионосите на обврзниците, односно зголемување на нивната цена… Така што имаме некои предуслови кои моментално се присутни, за да биде следната година навистина позитивна за финансиските пазари.“

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично