Вмро-ДПМНЕ и Влен се обидуваат да создадат политички реми помеѓу двете одлуки кои имаат сосема различна содржина, контекст и цел – реагира поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, по вчерашното излагање на премиерот Христијан Мицкоски во кое го обвини претходниот владин состав за случајот Алта банка. Како доказ покажа извадок од записник од одржана седница во 2023 година.
„Документот од 2023 година од 24 октомври се однесува на прашање на сопственост на акциите на Република Северна Македонија во Алта Банка во Белград, стекнати преку наследството на поранешна Југославија. Ангажманот на Државното обвинителство беше за заштита на државниот имот и правните интереси во постапка поврзана со овие постапки“, посочува Османи.
Воедно тврди – ова не е исто како одлуката за влез во Алта банка во Стопанска банка Битола.
Осврнувајќи се на одлуката донесена од актуелниот владин кабинет, со датум од 23 септември 2025 година, Османи вели ека е тоа сосема друга приказна и вели:
„Владата, на предлог на министерот за финансии, нареди 16 јавни институции да ја разгледаат понудата на Алта банка за купување на своите акции во рок од три дена, и доколку нема законски пречки, да прогласи прифаќање на понудата до 10 октомври.
Значи, имаме конкретна одлука на актуелната Влада, директно поврзана со понудата за купување акции во Стопанска банка Битола“.
Во таа насока прави разграничување:
„Од суштинско значење е: во 2023 година заштитата на интересите на државниот имот во правна постапка; во 2025 година јавните институции се упатуваат да размислат да прифатат конкретна приватна понуда за купување акции“.
Според Османи, во политиката може да се манипулира толкување на документи, но не и нивната содржина.
Аналитика








