ПОВЕЌЕ

    MY:TIME: ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК МОМЕНТИ ЗА НАС

    Време зa читање: 2 минути

    Некои компании и брендови нудат производи, а други создаваат моменти. MY:TIME, компанија со традиција што започнува уште во 1920 година, со децении е дел од важните приказни и моменти на своите клиенти.

    Денес, портфолиото на MY:TIME опфаќа над 50 реномирани светски брендови со богата понуда на часовници, накит, паричници и модни додатоци, внимателно избрани за секој стил, прилика и генерација. Преку продажните салони и онлајн продавницата, компанијата создава простор во кој секој може да пронајде нешто за себе или за подарок за драга личност, нешто што ја раскажува токму нивната приказна.

    Она што го издвојува MY:TIME е начинот на кој ги доживува и споделува тие приказни. Слоганот „Моменти за нас“ не е само порака, туку филозофија што се провлекува низ секој аспект од работењето – од грижата за вработените и постојаното подобрување на условите и стандарите на работењето, осмислувањето на секоја кампања и секој настан, до средбата со клиентот во продажниот салон. Компанијата поставува трендови и гради препознатлив имиџ со луксузните брендови, преку автентичен пристап кон луѓето што секоја средба ја претвора во уникатно искуство.

    MY:TIME верува дека вистинската вредност се создава заедно. Токму затоа, компанијата дава поддршка и застанува зад настани и иницијативи што придонесуваат кон градење на заедници, и соработува со компании и организации што ги делат истите вредности: квалитет, автентичност и почит кон луѓето. Со јасна визија да прерасне во регионална сила во сегментот во кој работи, MY:TIME продолжува да расте, надоврзувајќи се на довербата изградена со генерации клиенти и партнери.

    Поддршката на Бизнис Лидер 2026 е природно продолжение на оваа приказна. Лидерите што ги обликуваат економијата и општеството знаат дека успехот се гради со визија, упорност и вистинските луѓе до себе. MY:TIME со гордост застанува зад нив, бидејќи нивните успеси се моменти вредни за прославување. Моменти за нас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично