Хартии од вредност на 4 друштва биле предмет на нетрговските трансфери реализирани минатата недела. Промена на сопственоста, без берзанско тргување, е извршена кај вкупно 596 обични акции.
Првата трансакција Централниот депозитар за хартии од вредност ја регистрирал во вторникот, со 110 акции на Комерцијална банка. Најтргуваната акција има просечна цена од 24.199,90 денари. Во последните 52 недели се остварени 6.139 берзански трансакции со промет од над 1,55 милијарди денари.
Следниот ден промена на сопственоста е направена кај 24 акции на Алкалоид АД Скопје. Фармацевтската акција има просечна цена од 22.003,48 денари, формирана по последното тргување на 22 октомври. Во изминатите 52 недели цената се движела од минималните 21.998 до максималните 22.300 денари.
Двата нетрговски трансфери – со најголем и со најмал опфат на акции, се забележани во четвртокот. Најобемен, со 460 обични акции, е пакетот на Македонски Телеком. Просечната вредност на оваа акција е 463,74 денари, а на Македонска берза во последните 52 седмици се изведени 1.110 тргувања.
Минатонеделните преноси се заокружени со две обични акции во знакот на ТТК Банка. Оваа банкарска акција има просечна цена од 1.150 денари. Последното берзанско тргување е со датум од 21 октомври, а досега, во периодот на 52 недели, се реализирани 239 трансакции.
Аналитика








