
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Кога во буџетот недостигаат приходи, колку простор има товарот повторно да се префрли врз оние што веќе плаќаат даноци? Универзитетскиот професор Марјан Петрески, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, ја отвора потребата од проширување на даночната основа, но и за сузбивање на сивата економија. Тој ги поздравува чекорите како „е – фактура“, но посочува дека резултатите зависат и од поврзаноста на институциите, инспекцискиот надзор и трајноста на мерките. Борбата не може да остане задача само на Министерството за финансии. Постои и подлабоко прашање: дали работењето надвор од системот го доживуваме како проблем или како погодност што самите ја избираме?
„Ама за да ние видиме осетен ефект врз приходната страна на буџетот од борбата со сивата економија, нам ни треба поамбициозен и поробустен пристап. Затоа што, видете, мојот впечаток, не само што знаеме дека е широко распространета и дека ова општество е подложно на сива економија, туку мојот впечаток е дека ја преферираме. Вие често се среќавате со ситуација каде што постои преференција одредена трансакција да се изведе надвор од формалниот систем.“
Аналитика








