ПОВЕЌЕ

    ПЕТРЕСКИ: ТРИ – ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕ ПРАВИМЕ РЕГИСТАР ШТО МОЖЕ ДА СЕ ЗАВРШИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

    Време зa читање: 2 минути

    Притиснете  „Subscribe“ и следете нè.

    Државата доделува субвенции и помош, но како утврдува кои програми навистина даваат резултат? За да се одлучи што треба да продолжи, што да се промени и каде може да се заштеди, потребни се податоци за примателите и ефектите од потрошените пари. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, потсетува на анализи во кои различни програми за поддршка покажале различна успешност. Токму таквите оценки треба да бидат основа за следните буџетски одлуки. Но, според него, недостига и основната алатка што би овозможила систематско следење. Како да се подобри трошењето ако со години се одложува првиот чекор?

    ПЕТРЕСКИ: „Сега ние, на пример, 3 – 4 години наназад зборуваме дека треба да се направи регистар на приматели на државна помощ. Приматели, значи и земјоделски субвенци, субвенци за фирми и сите врсти субвенци. И сега 3 – 4 години регистар не може да се направи.“

    ТЕМЕНУГОВ: „Или не сака?“

    ПЕТРЕСКИ: „Е, па сега што не е направен, можеби не се сака, јаз не знам, но тоа е работа која што треба да се заврши во месец ден. Ние да имаме регистар, преглед, кај одат парите, кои се евентуално ефектите од тоа за да ги оцениме.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично