Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
Управниот одбор го сочинуваат Ило Ристовски, повторно избран за претседател на Управниот одбор и генерален директор, Селин Шакарер, повторно избрана за член на Управниот одбор и Елена Петровска, нов член на Управниот одбор.
Новиот состав обединува долгогодишно искуство во осигурителниот и финансискиот сектор со свеж пристап и јасна насока за развој на компанијата. Со своето знаење и професионално искуство, членовите на Управниот одбор ќе работат на понатамошно унапредување на работењето на Халк Осигурување и создавање дополнителна вредност за клиентите, партнерите и вработените.
Во следниот период компанијата ќе се фокусира на унапредување на понудата на осигурителни продукти, развој на продажната мрежа и услугите, дигитализација и поедноставување на корисничкото искуство, како и на натамошно зајакнување на својата позиција на пазарот на неживотно осигурување.
„Продолжуваме со јасна визија и силен фокус на она што е најважно – довербата на нашите клиенти и квалитетот на услугата што им ја обезбедуваме. Со новиот состав на Управниот одбор ги задржуваме стабилноста и искуството, а истовремено отвораме простор за нови идеи и дополнителен напредок. Сигурен сум дека со заедничка работа, посветеност и со вклученост на целиот тим на Халк Осигурување ќе направиме многу значајни чекори во развојот на Халк Осигурување“, изјави Ило Ристовски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Халк Осигурување АД Скопје.
Со новиот состав на Управниот одбор, Халк Осигурување продолжува да ја зацврстува својата позиција како стабилен и професионален партнер на своите клиенти, со посветеност кон современи осигурителни решенија, квалитетна услуга и градење долгорочна доверба.
Халк Осигурување – Градиме сигурност
Аналитика








