ПОВЕЌЕ

    Дизелот поевтин за 4,5 денари – новата цена заокружена на 100 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Бензините поскапуваат за 1 денар, а дизелот поевтинува за 4,5 денари. Од полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати ќе бидат поевтини, во просек, за 1,06 отсто во однос на претходната одлука, информираат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

    Новата цена на дизелот ќе биде рамно 100 денари. Исто толку ќе чини и литар бензин еуросупер БС – 95, а еуросупер БС – 98 ќе се точи по 102 денари за литар.

    Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намали за 3 денари и новата цена ќе изнесува 111,50 денари за литар. Поевтин за 0,196 денари ќе биде и мазутот М-1 НС и килограм ќе се продава по 49,882 денари.

    Од РКЕ посочуваат дека „референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,049%, кај дизелот има намалување за 6,734%, кај екстра лесното масло исто има намалување и тоа за 4,936% и кај мазутот намалувањето е за 1,630%“.

    Во периодот меѓу двете седмични пресметки курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,9522 насто.

    Исто така, регулаторот наведува дека во формираните цени е вградена владината одлука за намалениот износ на ДДВ за дизелот, и воедно применет е намалениот износ на акцизата од 4 денари за литар кај бензините дизелот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично