Вредноста на отворените инвестициски фондови е речиси на самиот праг од 600 милиони евра. Во текот на август е забележано зголемување од 4,40 насто или за 25,9 милиони евра. На крајот од осмиот месец нивната вкупна вредност е 599,9 милиони евра, додека на последниот ден од јули изнесуваше 574 милиони евра
Августовските движења кај инвестициските фондови биле еднонасочни, односно регистрирани се пониски и приливи и одливи на средства, наведено е во месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност.
Вкупниот прилив на средства изнесувал 1.735.635.256,99 денари, односно 28 милиони евра, што споредено со јули е намалување за 14,83 отсто. Тогаш приливите изнесуваа 33 милиони евра.
Кај одливите е заведена сума од 820.563.462,47 денари или 13 милиони евра. Во овој сегмент има месечен пад од 64,79 отсто, бидејќи во јули износот бил 37 милиони евра.
Сето тоа поволно се одразило кај нето-разликата. Инвестициските фондови го заокружоле август со позитива од 14,87 милиони евра.
Аналитика








