ПОВЕЌЕ

    И ВО АЛБАНИЈА ВЕЌЕ НЕ E ЕВТИНО – подобрите сместувања над 50 евра, во продавница поскапо од кај нас

    Време зa читање: 5 минути

    Јадранското и Јонското море во Албанија веќе повеќе години стануваат дестинација за која често се зборува и пишува, не само во регионалните медиуми, туку и подалеку во европските земји. Ксамил го нарекуват албански Малдиви, на убавината на Зврнец во близина на Валона око фрли зетот и ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, а километарската плажа од Драч до Керет не престанува да ги воодушевува оние што сакаат долги прошетки покрај морето.

    Колку повеќе се експонира албанската ревиера, толку повеќе гости привлекува и толку повеќе растат цените.

    ВО ХИМАРЕ НОЌЕВАЊЕ ОД 80 ЕВРА, ВО ДРАЧ НАЈЕВТИНО

    Традиционално, поскап е делот што излегува на Јонското море, особено Химаре, и Дерме. За најпопуларни локации важат Ксамил и Саранда (Јужна Албанија).

    Ако се обидете да најдете сега апартман во Ксамил за првата недела од август, сместување за двајца под 65 евра не може да се најде, покажа пребарувањето што го направи Пари. Поатрактивни сместувања, поблску до поубавите плажи се и по 100 евра дневно.

    Оние кои сакаат повеќе градска гужва комбинирана со море, обично ја одбираат Саранда. За младите, кои би прифатиле спиење во хостел, во повеќекреветни соби, сместување може да се најде и по 30 евра за двајца дневно, но сепак, не секој прифаќа да спие во 10-креветна соба. Во Саранда има поголема понуда, па може да се најде и солидно сместување за 50 евра дневно.

    ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ ВО ЦРНА ГОРА: Од сместување за 20 евра до лежалки за 250 евра

    Химара е прекрасен мал град на албанската ривиера на Јонското Море, познат по кристално чистата сина вода, убавите плажи како Спиле и Ливади, и мирната атмосфера за семеен одмор. И таму се нудат повеќе хостели и кампинзи, но за летување во апартман, ако сега се обидете да резервирате на електронските платформи, сместување нема под 80 евра дневно за двајца и тоа не близу до плажа.

    За оние кои скаат да бидат и на Јадранското и на Јонското море тоа го можат во Валона, затоа што таму морињата се „сретнуваат“. Градот има повеќе од 100 илјади жители и за оние кои сакаат динамични градови со многу интересни настани, Валона е одличен избор. Во самиот град има многу плажи, големо и долго шеталиште, знаменитости… Овде има голем број на сместувачки капацитети, па затоа може да се најде сместување по 35 евра за двајца, но понудата со ваква цена е скромна. Покрај поубавите плажи и поблиску до центарот на градот цените се значајно повисоки.

    Голема понуд за сместувања има и во Драч и во продолжетокот – Голем. Таму интензивно се гради, на секој чекор има хотели или згради. Сепак, ако се бара по платформите понудата ни од далеку не одговара на огромната градежна експанзија во туристичкиот сектор. За оние кои може да пешачат до плажа 15-тина минути, или да бараат паркинг, во Драч може да се најде сместување и за 25 евра за ноќ, но за поморска атмосфера треба да се одвојат барем 40 евра за ноќ.

    Сепак, туристите повеќе го избираат Голем, за да бидат подалеку од пристаништето во Драч. Во Голем се уште може да се најде сместување по 30-тина евра за двајца, но сепак се зависи од тоа кој што бара и кој што може да плати. На примр, хотелските сместувања од типот „ол инклузив“ се и пo 100 евра од човек на ден.

    ОХРИД ВО ПРЕСРЕТ НА ИЛИНДЕН: Среќа е да се најде сместување за 50 евра, цени и од над 250 евра за ноќ

    Албанија веќе подолго време е и во туристичката понуда на нашпите агенции. Во Касамил 7 ноќевања со појадок за едно лице чини околу 300 евра, наем на 7 дневен апартман околу 400 евра, во Валона може да се најде 7-дневно сместување за околу 300 евра, а во Голем пронајдовме и полн пансион за 7 дена за еден од 320 евра и тоа со вклучен превоз.

    ЗА КРАВЈО СИРЕЊЕ 800 ДЕНАРИ ЗА ЕДЕН КИЛОГРАМ

    Традиционално, во Албанија може да купи одлично овошје и зеленчик. Цените, и тоа во маркетите до плажите се по едно евро за грозје, праски, кајсии, домати….

    Но, во продавницте цените на производите се најмалку 30 проценти повисоки од кај нас. Посетивме неколку маркети и бевме изненадени кога видовме дека кравјето сирење најчесто се продава по 800 денари за килограм. Во рибарниците може да се купи свежа риба од нивните рибници, па најпопуларните орада и лаврак се по 1.000 денари за еден килограм. Литар сончогледово масло за јадење е 150 денари. Лебот главно е во поголеми векни од кај нас, но нема под 60-тина денари. Пилешки копани се околу 300 денари килограм, изразено во наши пари.

    Може да се забележи и дека во рестораните не може да се јаде „со леснотија“ како порано. Порција риба е од 15 до 20 евра, пица околу 6 евра, порција со некое месо и по 15 евра, морско рижото 10 евра. Но, затоа кафето се уште е евтино, а веројатно најевтино е на ревиерата на Драч, каде дури и во кафуле на самото море чини едно евро.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично