Од полноќ ќе се точат поскапи горива. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за просечно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 1,47 насто.
Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 2,5 денари по литар. Цените на бензините ќе бидат повисоки за еден денар по литар, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари. Единствено мазутот поевтинува – за 0,265 денари по килограм.
Според одлуката на РКЕ, од почетокот на утрешниот ден ќе важат следните максимални малопродажни цени:
Од РКЕ посочуваат дека новата пресметка е резултат на растот на референтните цени на светските пазари, каде што бензините поскапеле во просек за 2,576 проценти, дизелот за 5,201 проценти, а екстра лесното масло за 4,681 проценти, додека цената на мазутот е намалена за 0,967 проценти. Дополнително, врз пресметката влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој во анализираниот период бил повисок за 1,5132 проценти.
Аналитика








