
Вештачката интелигенција (ВИ) веќе почнува сериозно да го менува ИТ секторот. Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, класичните кодери полека ќе исчезнуваат, а најголем удар ќе почувствуваат јуниор програмерите. Но тоа не значи крај за ИТ индустријата. Ќе се отвораат нови работни места во сајбер безбедноста, дата анализа и ВИ инфраструктурата. Прашањето е дали младите и образовниот систем ќе успеат доволно брзо да се адаптираат на овие промени. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов гостува Јордан Димитровски, претседател на МАСИТ.
„Вештачка интелигенција ќе врши таа работа за кодерите, така да младите кои што се запишале за програмери, ќе мора во својот образование да почнат да ги прошируваат видиците и да се насочуваат кон другите сфери во ИКТ и другите технологии во нашата индустрија. Тука сајбер – секјурити не е мала ниша и гранка кај што можат младите да се насочуваат, затоа што дефицит на кадар има во целиот свет, не само кај нас.“
Аналитика








