ПОВЕЌЕ

    Иван Ивановски го презеде целиот пакет акции на Иново статус

    Време зa читање: 2 минути

    Иново статус има нов сопственик. Преку блок-трансакција купен е пакетот од 297.654 обични акции, што претставува 100 насто од акционерскиот капитал, а инвестирани се над 160 илјади евра.

    Акциите на друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови сега се во сопственост на финансискиот едукатор Иван Ивановски. Пари веќе пишуваше дека тој, како физичко лице, минатиот месец ја доби согласност на Комисијата за хартии од вредност за стекнување квалификувано мнозинство.

    Според податоците од Македонска берза, номиналната вредност на акцијата на Иново статус е едно евро. Трансакцијата е реализирана по цена од 33,16 денари, а уплатени се вкупно 9.870.206,64 денари.

    Иново статус е присутен на македонскиот пазар од 2007 година. Мнозински сопственик со квалификувано учество беше бугарскиот ЕЈ СИ ЕМ Консулт ДОО Софија. Функционира со четворица вработени. Минатата деловна година, според податоците достапни на Бизнис Мрежа, друштвото ја завршило со приходи од 2,28 милиони денари, за 10,37 отсто пониски од тие во 2024 година. Кај добивката е забележан пад од 73,19 отсто, а износот е 67 илјади денари.

    (Фото: Иван Ивановски – Фејсбук)

    Иново статус добива нов сопственик – Иван Ивановски презема 100 отсто од акциите

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично