Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас, односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар, рече владината портпаролка Марија Митева, која на денешната прес-конференција ја информираше јавноста за „ конкретен резултат од мерките насочени кон заштита на стандардот на граѓаните и стабилизирање на пазарот на енергенси“.
Особено значајно е значајно, нагласи Митева, што и останатите компании на пазарот го следат овој тренд. Оттаму, цените на течен нафтен гас на бензинските станици веќе се намалени од 5 до 6 денари за литар и се движат од 53 до 54 денари.
„Сакам јасно да потенцирам дека ова намалување не е резултат на краткорочна пазарна случајност, туку е резултат на анализа од страна на ДПИ и преку договор и преземена одговорност од страна на трговците, за намалување на бруто маржите. Постигнавме согласност овие маржи да бидат намалени и да се задржат на тоа ниво и во наредниот период, да немаме осцилации коишто сега ќе ги имаме, оваа недела кон намалување, а следната би имале зголемување, што значи дека за повеќе од 10 проценти во трговијата на големо и за 9 до 10 проценти во малопродажба ќе имаме намалување“, истакна Митева.
Аналитика








