ПОВЕЌЕ

    Секој месец поскапа за над 800 денари – априлската синдикална кошница дојде до 68.797 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Цената на основните месечни потреби, мерена преку синдикалната минимална кошница, во април изнесува 68.797 денари. Во споредба со март, животните трошоци на просечно четиричлено семејство се зголемиле за 979 денари.

    Тоа се однесува на семејствата што имаат сопствен дом. Доколку живеат во изнајмен стан од 60 квадрати, според синдикалната пресметка, априлската кошница достигнува 84.172 денари.

    Најголемиот дел од семејниот буџет (37,9 %) завршува за храна и пијалаци – 26.085 денари. Според процентуалното учество, следуваат образованието со 10,5 проценти (7.192 денари) и режиските трошоци со 9,2 проценти, во кои спаѓаат станарината, струјата, водата и греењето (6.338 денари).

    Обновата на гардеробата и обувките чини 6.129 денари, а рекреацијата и културно-забавниот живот 5.592 денари. За превоз во април се потребни 4.961 денар, а за евентуални посети на ресторани и хотели4.131 денар.

    Во трошоците се вклучени и оние за комуникации3.417 денари, за лична и хигиена во домот – 2.667 денари, за здравје – 1.185 денари, како и за останати стоки и услуги – 1.100 денари.

    Ако се има предвид декемврискиот податок од 65.492 денари, од почетокот на годинава досега вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 3.305 денари, или за нешто повеќе од 50 евра. Тоа значи дека секој месец трошоците се зголемувале во просек за околу 826 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично