Иранските воени претставници изјавија во саботата дека условите во Ормутскиот теснец се вратиле на „строга контрола“, наведувајќи ја континуираната блокада на пристаништата од страна на САД, само еден ден откако водниот пат беше прогласен за „целосно отворен“.
Само неколку часа претходно, Иран објави дека Ормутскиот теснец е отворен за комерцијален бродски превоз за време на примирјето во Либан, што предизвика остар пад на цените на нафтата, додека Доналд Трамп го поздрави потегот, но ја задржа американската поморска блокада. Во исто време, Емануел Макрон и Велика Британија предводат планови за неутрална мисија за обезбедување на рутата, бидејќи бродските компании остануваат претпазливи и бараат понатамошно разјаснување.
Светските медиуми денес со контрадикторни вести во врска со статусот на Ормудскиот теснец откако Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) утринава соопшти дека Ормускиот теснец се вратил во својата „претходна состојба“ под контрола на нејзините „вооружени сили“, наведувајќи ја тековната блокада на САД врз иранските пристаништа.
„Контролата над Ормускиот теснец се вратила во својата претходна состојба, а овој стратешки воден пат е под строго управување и контрола на вооружените сили“, соопшти заедничката команда на ИРГК, според полуофицијалната новинска агенција Тасним.
Додека САД „не ја вратат целосната слобода на движење за бродовите што патуваат до и од Иран, ситуацијата во Ормускиот теснец ќе остане строго контролирана и непроменета“, тврди таа.
Соопштението на ИРГК дојде откако иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во петокот го прогласи теснецот за „целосно отворен“ за сите комерцијални бродови.
Одлуката е донесена „во согласност со прекинот на огнот во Либан“, рече тој на американската платформа за социјални медиуми X.
Во низа објави на социјалните мрежи, Доналд Трамп во петокот тврдеше дека Иран се согласил никогаш повеќе да не го затвори стратешкиот воден пат, поздравувајќи го „ГОЛЕМ И БРИЛИЈАНТЕН ДЕН ЗА СВЕТОТ!“
Но, во последователен пост, тој рече дека поморската блокада на Иран ќе остане „во полна сила и ефект“ сè додека не се постигне траен договор за прекин на војната меѓу САД и Израел со земјата.
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, подоцна предупреди дека ако блокадата на САД продолжи, „Ормдускиот теснец нема да остане отворен“. Дали теснецот ќе биде отворен или затворен и прописите што го регулираат „ќе бидат одредени од теренот, а не од социјалните медиуми“, додаде Галибаф, во напад кон американскиот претседател.
На 28 февруари, САД и Израел започнаа заедничка офанзива врз Иран, а Техеран возврати со напади врз Израел и други регионални земји што хостираа американски средства.
Војната е во мирување од 8 април, кога Пакистан посредуваше за двонеделно примирје.
Вашингтон и Техеран минатиот викенд одржаа разговори во Пакистан за траен мир, а во тек се напори за уште една сесија во Исламабад.
Аналитика








