
Бизнисот со откупување на долгови постои и во Македонија и претставува важен сегмент од финансискиот систем, но сè уште нема целосно заокружена регулаторна рамка како во Европската Унија. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрикс Македонија, објаснува дека секундарниот пазар на побарувања веќе е регулиран во ЕУ преку директиви кои го дефинираат начинот на работа на компаниите што откупуваат и сервисираат кредити. Таа посочува дека и во Македонија е потребно дополнително системско решение со кое ќе се обезбеди поголема транспарентност и појасни правила за сите учесници на пазарот. Очекувањата се домашната регулатива постепено да се усогласи со европските директиви кои веќе се применуваат на овој пазар. Регулацијата е важна бидејќи станува збор за сектор кој управува со значителен обем на финансиски обврски.
„За да биде успешен, имено затоа и нашата дејност, Европската централна банка, прифати да биде аутсорсирана, за да биде успешна, за да може да има резултати во работењето. Ако го анализираме целиот правен систем, она што ние сакаме да го видиме на нашиот пазар, е транспонирање на тие некои три – четири европски директиви кои што го регулираат ова, а меѓу нив се Европскиот платен налог, Европскиот налог за извршување, сакаме да видиме Законот за инсолвентност, реструктурирање…“
Аналитика








