Поради одбележувањето на Велигден, денес во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, со времено затворања на повеќе улици и булевари во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Од 18 часот па сѐ до завршувањето на верските манифестации, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани: булевар „Партизански одреди” од крстосница со ул. „Франклин Рузвелт” до крстосница со бул. „ВМРО”; бул. „Св.Климент Охридски” од крстосница со бул. „Илинден” до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски”; ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул. „9 Мај” до кружна крстосница со ул. „Св. Кирил и Методиј”.
Ќе има измени и во јавниот превоз. Автобусите кои вообичаено минуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе бидат пренасочувани по булеварот „Илинден“ и улицата „Франклин Рузвелт“, додека дел од линиите што сообраќаат низ центарот ќе се движат по изменети траси преку „М.Т. Гологанов“.
Надвор од центарот, во општина Ѓорче Петров ќе биде затворена улицата „Македонска војска“ кај црквата „Св. Петар и Павле“, а во општина Аеродром ќе се затвори локалниот пат кон селото Лисиче.
Од МВР информираат дека, доколку има потреба, ќе бидат затворани и други улици во близина на верските објекти, и апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници.
Аналитика








