ПОВЕЌЕ

    ТЕРОРИЗАМ ИЛИ ПРЕДИЗБОРНА МАНИПУЛАЦИЈА: Србија пронајде експлозив крај гасоводот Турски тек, Виктор Орбан со порака – ситуацијата е сериозна

    Време зa читање: 4 минути

    Унгарскиот претседател Виктор Орбан утринава ја посети локацијата на гасниот цевковод во близина на унгарско-српската граница, во чија близина српската полиција вчера пронашла големо количество на експлозив, за кој постојат сомневања дека требало да биде употребен за оштетување на гасоводот. „Ситуацијата е исклучително сериозна. Претходно разговаравме за нафтата, бевме под блокада. Ќе го компензираме тоа од друго место, но гасоводот е уште поголема „артерија““, изјави Орбан во Кискундарошма, каде што е засилена воената заштита на унгарскиот дел од Турскиот тек.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес, по седницата на Советот за одбрана на земјата, објави дека воените сили што го штитат делот од гасоводот Турски тек што се наоѓа во Унгарија ќе бидат дополнително зајакнати. Во видео објавено на својот Фејсбук профил, Орбан му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот „брз и ефикасен одговор“ откако српските власти пронајдоа експлозивна направа и средства за нејзино активирање на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија, по што Орбан свика итна седница на Советот за одбрана.

    Времето на инцидентот е особено чувствително. Унгарија ја очекуваат парламентарни избори, при што владејачката партија на Орбан се соочува со еден од најтешките предизвици во последниве години.

    Првиот ден по Велигден, Орбан најави дека оди да ја провери инфраструктурата откако вчера беа пронајдени експлозиви на српскиот дел од гасоводот, објавува „Маѓар Немзет“.

    Таен склад со моќни експлозиви, откриен во близина на критичен гасовод што ги поврзува Србија и Унгарија предизвика тревога низ Централна Европа, интензивирајќи ги политичките тензии само неколку дена пред клучните парламентарни избори во Унгарија.

    Властите не открија кој ги поставил експлозивите или дали биле наменети за моментална детонација. Сепак, официјалните лица ги опишаа уредите како уреди со „разорна моќ“, што укажува на потенцијал за значителни нарушувања доколку се детонираат.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека безбедносните сили откриле „два големи пакети експлозиви со детонатори“ скриени во ранци само неколку стотици метри од гасоводот во близина на северниот град Кањижа, близу до унгарската граница.

    Целната инфраструктура е дел од Балканскиот тек, продолжение на гасоводот Турски тек, кој транспортира руски природен гас од Турција преку Бугарија и Србија во Унгарија – што го прави витален енергетски животен пат за регионот.

    Тој потсети дека гасоводот веќе бил блокиран претходно, поради што е изграден Турскиот тек.

    „Моментално сме под украинска гасна блокада, но можеме да ја компензираме загубата од југ. Ако таа папочна врвца се пресече, унгарската економија ќе дојде до застој“, рече унгарскиот премиер.

    Како што истакна, „засега, снабдувањето со гас на Унгарија не е загрозено, но мора да бидеме многу внимателни“.

    Сторителите и мотивите сè уште не се идентификувани.

    Украина негираше каква било вмешаност во инцидентот. „Категорично ги отфрламе обидите за лажно поврзување на Украина со инцидентот… Украина нема никаква врска со тоа“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихи.

    „Ова е најверојатно руска операција под лажно знаме како дел од силното мешање на Москва во унгарските избори“, додаде тој, според Киев Индепендент.

    Гасоводот „Турски тек“ транспортира руски гас преку Црното Море до Турција, од каде што продолжува преку Балканот до Унгарија и Централна Европа.

    Односите меѓу Киев и Будимпешта се на најниско ниво досега поради продлабочените спорови околу транзитот на руска нафта преку советскиот гасовод „Дружба“, бидејќи Орбан го става противењето на Украина во центарот на својата кампања за изборите на 12 април.

    Партијата Фидес на Орбан заостанува на анкетите, а националните избори следната недела се закануваат да го завршат неговото 16-годишно владеење.

    Опозициските личности и аналитичарите во Унгарија тврдат дека времето – само неколку дена пред гласањето на парламентарни избори – покренува прашања за тоа дали инцидентот се користи за политичка добивка.

    Некои експерти дури предупредија дека инсцениран или манипулиран безбедносен инцидент би можел да се искористи за да се оправдаат вонредните мерки или да се промени расположението на гласачите.

    Гасоводот „Дружба“ е надвор од употреба од крајот на јануари поради руските воздушни напади, според Украина.

    (Фото: Виктор Орбан, Elekes Andor – Own work, CC BY 4.0)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично