
Со свечен настан, Македонска берза одбележа значаен јубилеј – 30 години од првиот удар на берзанското ѕвоно, симболичен момент што го означи почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во земјата. Во присуство на претставници од институциите, финансискиот сектор и бизнис-заедницата, беа сумирани резултатите од три децении развој, но и испратени пораки за иднината на пазарот на капитал.
Во изминатите години, Берзата помина низ бројни предизвици, трансформации и прилагодувања, градејќи се во стабилен и препознатлив столб на финансискиот систем. Преку континуирано унапредување на своето работење, таа ја зацврсти својата улога како платформа што обезбедува фер, транспарентно и ефикасно тргување.
Јубилејот беше одбележан и со симболично навраќање на клучните моменти од историјата – преку документарен филм што го прикажа развојниот пат на институцијата и нејзиното влијание врз домашната економија.
Централно место на настанот имаа признанијата доделени на компании, институции и поединци кои оставиле значаен белег во развојот на Берзата и пазарот на капитал.
Признанија – статуетки добија Комерцијална банка АД Скопје за котирано акционерско друштво со најголем остварен промет од класично тргување, Алкалоид АД Скопје за најдолго котирано акционерско друштво, Комерцијална банка АД Скопје беше наградена и за прво место за остварен вкупен промет, Илирика Инвестментс АД Скопје за второ место за остварен промет, Еурохаус АД Скопје за трето место за остварен вкупен промет, Иван Штериев, главниот извршен директор на Берзата, за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Евита Иванова за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Борис Волкан, за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Љупчо Лазарески, за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Ана Бунтеска, за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Лидија Трајковиќ, брокер со особен придонес и континуитет, Катерина Илиќ Нонкуловска, брокер со особен придонес и континуитет, Леонид Дечев, брокер со особен придонес и континуитет, Маја Костиќ, брокер со особен придонес и континуитет, Стефан Степановски, брокер со особен придонес и континуитет, Тони Павловски, брокер со особен придонес и континуитет, Васко Митев, брокер со особен придонес и континуитет, Жарко Атанасовски, брокер со особен придонес и континуитет, Зоран Трифуновски, брокер со особен придонес и континуитет, Јованче Тасковски, брокер со особен придонес и континуитет, Сашо Дракуљовски, брокер со особен придонес и континуитет, Андреј Богдановски, брокер со особен придонес и континуитет, Михајло Брова Зиков, брокер со особен придонес и континуитет, Гордана Богеска, брокер со особен придонес и континуитет, Гоко Алексоски, брокер со особен придонес и континуитет, Ѓорѓи Палески, брокер со особен придонес и континуитет, Глигор Павловски, брокер со особен придонес и континуитет, Кирил Митровски, брокер со особен придонес и континуитет, Емилија Брљамова, брокер со особен придонес и континуитет и Свонко Станковски, брокер со особен придонес и континуитет.
Плакети за соработка добија Загребска берза, Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Министерство за финансии.
Во духот на почит кон историјата, беа врачени и плакети во чест на Евгени Зографски, првиот извршен директор на Берзата, и Јосиф Ефтимоски, првиот претседател на Одборот на директори.
Свеченоста беше повеќе од јубилеј – таа беше потсетник на патот што е изоден, но и сигнал дека развојот продолжува. Со јасна визија и насоченост кон иднината, Македонската берза останува клучен двигател на пазарот на капитал и важен фактор во економскиот раст на земјата.
Аналитика








