ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе банка со нови тарифи од 1 јуни – некои надоместоци се укинуваат

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе банка најави измени кај надоместоците што се наплатуваат за услугите наменети за физички лица. Примената на новиот тарифник ќе започне од 1 јуни. Промените опфаќаат платежни сметки, пакет производи, електронско и мобилно банкарство, како и одредени услуги што се укинуваат или поедноставуваат.

    Кај платежните сметки, предвиден е месечен надомест од 60 денари за одржување сметка во валута различна од денари.

    Ценовната рамка кај пакетите е од 160 денари до 490 денари месечно за Премиум Пакет. Новите месечни надоместоци за С Пакет Плус ќе бидат 200 денари, за Смарт Пакет – 270 денари и за Супериор Пакет – 370 денари.

    Нови цени се утврдени и за електронското и мобилното банкарство. Кај интернет-банкарството (Net Banking) месечниот надомест за инфо пристап ќе изнесува 35 денари, додека издавањето дигитален сертификат (Верба PKI) ќе чини 5.700 денари за нов токен, односно 4.700 денари за сопствен токен, со важност од три години. Рокот е продолжен, односно засега таа услуга се наплатува со различни износи, зависно дали корисникот избрал период од една или две години.

    Кај мобилното банкарство (S-banking), регистрацијата на корисник ќе биде бесплатна, но се воведува месечен надомест од: 100 денари за активен и 90 денари за пасивен профил.

    Од први јуни Шпаркасе банка ќе укине дел од надоместоците. Конкретно, нема да се наплатува за регистрација на корисник (активен профил), услуга, која според актуелниот тарифник чини 150 денари. Исто така, се укинува надоместот од 500 денари за доставување податоци на извршители и нотари.

    Поедноставување ќе има кај трајните налози. Во овој сегмент се укинува варијабилниот надомест од 0,01 % до минимум 20 денари. Се воведува единствен фиксен износ од 20 денари. Ова важи за плаќање на режиските трошоци и интерни трансакции, како рати за кредити и кредитни картички. Воедно, се проширува листата на услуги за кои важат овие услови, со вклучување и на Македонски Телеком.

    Согласно законските одредби, се посочува – ќе се смета дека клиентите ги прифатиле новите услови доколку до датумот на нивната примена не ја известат Банката дека ги одбиваат, односно не побараат раскинување на договорот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично