ПОВЕЌЕ

    Утре – протест за повисоки плати: времен сообраќаен режим во центарот на Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Утре, пет минути по 12 часот ќе започне големиот работнички протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија. Маршот за поголеми плати ќе тргне од пред седиштето на ССМ, патемни одредници се Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

    Во рутата на движење се опфатени улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, и булеварите „ВМРО“ и „Илинден“.

    Поради тоа, сообраќајната полиција ќе воведе времени ограничувања и пренасочувања на возилата по трасата на движење. Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да бидат внимателни при движењето во центарот на градот.

    ОД ССМ, пак, и повикуваат и очекуваат голема масовност, односно присуство на илјадници незадоволни од зголемувањето на минималната плата за 1.667 денари, по пат на усогласување. „Целиме да укажеме дека платите во Македонија се мизерни – според податоците на Управата за јавни приходи, 160.000 работници живеат со плата под прагот на сиромаштијата. Секој работник треба да се приклучи и да ја даде својата поддршка“, нагласи претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично