ПОВЕЌЕ

    Поскапи горива од полноќ: Литар дизел – 85,5 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Горивата, во просек, поскапуваат за 14,27 насто. Најголема е ценовната разлика кај дизелот, од 14,5 денари, и од вечерва по полноќ ќе се точи по 85,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 ќе чини 79,5 денари, а Еуросупер БС-98 – 81,5 денари. Нивните цени се повисоки за 5 денари.

    Клубот на деловната елита бара келнер да служи без бакшиш

    Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по ново ќе чини 82,5 ден залитар, што е зголемување од 12,5 денари. Цената на мазутот М-1 НС достигнува 42,586 ден за килограм, со пораст од 7,044 денари.

    Покачувањата се последица на зголемувањето на цените на референтните нафтени деривати на светскиот пазар: бензините бележат раст од 13,384%, дизелот 36,134%, екстра лесното масло 32,102% и мазутот 27,870%. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е за 0,9444% повисок, што исто така влијае на формирањето на новите малопродажни цени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично