ПОВЕЌЕ

    Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски во посета на фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1

    Време зa читање: 2 минути

    Во рамки на концептот за активна комуникација со сите инвеститори, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1, при што беше остварена и работна средба со менаџментот, каде се разговараше за досегашните резултати, како и можностите за проширување на инвестицискиот проект на оваа компанија.

     Димовски истакна дека континуираниот развој на постојните компании во зоните претставува јасен показател за стабилната и предвидлива бизнис клима, како и за заемната доверба што се гради меѓу институциите и инвеститорите. Тој нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ како институција останува и натаму стабилен партнер на сите инвеститори, со посветеност на отворен дијалог и навремена поддршка.

    Од страна на менаџментот на Кемет беше изразено задоволство за досегашната соработка, потенцирајќи дека позитивната деловна средина и професионалниот пристап претставуваат значаен фактор за натамошно проширување. Тие ги презентираа досегашните резултати, при што беа разгледани и конкретни аспекти поврзани со идните планови за проширување на компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично