ПОВЕЌЕ

    Потрошувачки кредит од ПроКредит Банка – само со лична карта, одлука за 24 часа, фиксна камата од 5,5%

    Време зa читање: 3 минути

    Со потрошувачкиот кредит од ПроКредит Банка, достапен само со лична карта, со одлука за 24 часа и фиксна каматна стапка од 5,5%, добивате брзо, едноставно и сигурно финансиско решение кога ви е најпотребно.

    Финансиска поддршка кога ви е најпотребна со јасни и транспарентни услови

     Животот носи различни планови и приоритети како што се: реновирање на домот, купување нова опрема, инвестиција во едукација или покривање непредвидени трошоци. Во вакви моменти, важно е да имате сигурен финансиски партнер кој нуди стабилност, јасни услови и одговорен пристап кон кредитирањето.

    ПроКредит Банка прва носи потрошувачки кредит што се аплицира само со лична карта – достапен и за лица кои не се клиенти на банката. Процесот е брз, едноставен и без непотребни документи. Одлуката се добива за само 24 часа.

    Со фиксна каматна стапка од 5,5%, месечната рата е стабилна и предвидлива, што им овозможува на клиентите лесно да споредуваат и планираат со ратите на другите банки – без изненадувања.

    Пример за реална пресметка

    Кредит: 100.000 денари
    Рок на отплата: 12 месеци
    Фиксна каматна стапка: 5,5%
    Месечна рата: 8.584 денари
    Вкупен износ за враќање: 103.004 денари

    **Примерот е информативен и не претставува обврзувачка понуда.

     Рефинансирање и спојување на повеќе рати во една

    Со овој кредит е овозможено рефинансирање – спојување на повеќе кредити или обврски во еден. Финансиите стануваат поедноставни и појасни, сите рати се на едно место, а контролата над парите е поголема. Покрај тоа, кредитот овозможува и дополнителна сума за тековни планови или потреби. Помалку стрес и поголема слобода во управувањето со средствата се само дел од предностите. Одлуката се добива брзо – за само 24 часа.

    „Клиентот секогаш ни е на прво место. Кога разговараме за кредит, најважно ни е тој да се чувствува сигурно и информирано. Затоа внимателно ги разгледуваме приходите и можностите, за кредитот да биде одржливо решение. Со фиксна каматна стапка од 5,5% нудиме стабилност, а ние сме тука со нашата транспарентност и поддршка во секој чекор.“ – изјави Љубин Наумовски, раководител на Одделот за физички лица во ПроКредит Банка.

    Едноставно, брзо, сигурно – Аплицирајте денес!

    Аплицирајте преку вебсајтот на ПроКредит Банка или во најблиската филијала и добијте одлука за 24 часа – со стабилна рата, минимален административен напор и целосна контрола над вашите финанси.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично