
Со новата мобилна апликација, ПроКредит Банка воведува едно од најнапредните дигитални банкарски решенија на македонскиот пазар, поставувајќи нов стандард за брзина, функционалност и целосна контрола на своите финансии.
Брзо и лесно управување со сите сметки
Користењето на сметките во банка сега е полесно од кога било. Нема потреба од посета на филијала или чекање на шалтер.
Новата апликација овозможува единствена можност за управување преку еден профил, нудејќи целосен увид во сите сметки – лични, деловни и сметки на кои се овластени (партнери, деца, родители).
За сопствениците на компании, тоа значи преглед и управување со приватните и бизнис-сметките со само една најава, без префрлање помеѓу различни профили.
Преку новата апликација, плаќањата на сметки и префрлувањата на пари се извршуваат во неколку секунди, а целата историја на трансакции е достапна и лесна за пребарување.
Исто така, можете да отворите орочени и штедни сметки во денари и евра и целосно да управувате со нив од вашиот мобилен телефон.
Безбедност на највисоко ниво
Апликацијата поддржува најава преку ПИН, отпечаток од прст и Face ID, како и дополнителни безбедносни механизми, вклучително сокривање на салдото и заштита од правење пресликувања на екранот (screenshots), со што се обезбедува максимална заштита на личните податоци.
Без филијала – банкарство без редици и компромиси
Отворањето на сметка може да се направи целосно онлајн, без посета на филијала, без документација на шалтер и без чекање. Истото е овозможено преку интеграција на веб-решението попознато како OneID.
По успешната регистрација, корисникот веднаш може да добие дигитална дебитна картичка во рамки на мобилната апликација, која може веднаш да се користи за онлајн и мобилни плаќања. Нема повеќе потреба од чекање на пластична картичка за користење на банкарските услуги.
Дополнително, корисникот може самостојно да управува со картичките, да ги блокира, деблокира и да управува со лимитите директно од апликацијата, во реално време.
Стратегија што води подалеку од апликацијата
„Со лансирањето на новата мобилна апликација не воведуваме само нова технологија, туку нов начин на интеракција со банката. Нашата цел е да изградиме дигитален екосистем што им дава на клиентите автономија, брзина и сигурност – без да ја изгубиме човечката поддршка кога е потребна,“ изјави Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор.
Новата мобилна апликација е достапна за преземање веднаш преку App Store и Google Play.
Со овој чекор, ПроКредит Банка јасно сигнализира дека иднината на банкарството во Македонија е дигитална, веднаш достапна и целосно ориентирана кон клиентот.
ПР Објава
Аналитика








