ПОВЕЌЕ

    Димитриеска-Кочоска: Владата нема да дозволи намалување на најниските плати, Општиот колективен договор треба да претрпи измени

    Време зa читање: 3 минути

    Ставот на Владата дека Општиот колективен договор треба да претрпи измени беше исправен затоа што како Влада треба да биде одговорна кон сите граѓани и не може да дозволи да има намалување на платите особено кај оние со најниски примања во администрацијата. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во 360 Степени во која повтори дека за минималната плата треба да се договорат работниците и работодавачите затоа што платите за работниците во приватниот сектор ги обезбедува приватниот сектор, а Владата е задолжена да ги обезбеди платите на администрацијата.

    „Како Влада, треба да бидеме одговорни кон сите граѓани, односно ова се однесува за администрацијата   и ние не можеме да дозволиме на некои, особено оние со најниска плата да им се намалат. Општиот колективен договор предвидува покачување на плати и доколку се примени методологијата која што ја имаат предложено, покачувањето требаше да оди така што оние со највисоки плати да имаат најголемо зголемување, а оние со најниски плати не само што немаше да добијат зголемување, дел од нив ќе имаа и намалување. Како процентени се појавуваа ситуации каде што требаше за еден процент да им се намали платата, односно да скратиме дел од платата. И мислам дека исправна беше одлуката на Владата во тој момент дека Општиот колективен договор треба да претрпи одредени измени”, истакна министерката за финансии.

     

    Во однос на минималната плата потенцира дека работодавачите и работниците треба да седнат и да се договорат меѓусебе и дека во овој процес Владата е набљудувач.

    „Логично е Владата да биде како набљудувач во тој процес од една единствена причина платите ги обезбедува приватниот сектор за работниците во приватниот сектор. Владата е задолжена да ги обезбеди платите на администрацијата и мислам дека во изминатата повеќе од година и половина тоа успешно Владата го прави. Во однос на тоа што треба да договара  работодавачите и работниците, сметам дека исто, како и Владата, треба дијалогот да го водат меѓу себе и да постигнат договор меѓу себе и да договорат меѓу себе колку можат да носат товар работодавците, бидејќи и тие треба да исплатат плата”, рече министерката и потенцира дека секој работник треба да добие повисока плата, но дека има нешто што се нарекува економски правила кои ќе не доведат во ситуација да ги стабилизираат работите или не.

    Министерката за финансии истакна дека се работи на обезбедување на средства за изградба и доградба на болниците во Штип, Тетово и Кичево.

    „Да, планирана е изградба на болницата во Кичево и доградба на болниците во тетово и тип и секако нивно опремување . Кон крајот на декември доставивме барања до банките, а крајниот рок за доставување на понудите истекува следната недела. По добивањето на понудите ќе имаме појасна слика за условите и следните чекори”, изјави министерката.

    Таа нагласи дека проектот предвидува целосно опремување на болниците со современа медицинска опрема, а проценетата вредност за сите три установи изнесува околу 200 милиони евра. Точната сума ќе биде утврдена по завршувањето на анализата на понудите од банките.

    Во интервјуто таа се осврна и на реализацијата на капиталните расходи, општнските проекти, Коридорите 8 и 10д, воведувањето е-фактура и слично.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично