ПОВЕЌЕ

    Силни каматни приходи, стабилен профит: Стопанска банка Скопје заработи 54,2 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Во услови на забавена економска активност, инфлаторни притисоци и постепено олабавување на монетарната политика, Стопанска банка АД Скопје во 2025 година оствари солидни финансиски резултати и ја задржа високата профитабилност.
    Добивката изнесува 3.330.947 илјади денари или 54,16 милиони евра, при што износот е понизок за околу 6,1 отсто во споредба со претходната година.

    Добивката пред оданочување и исправка на вредност достигнала 5.195.430 илјади денари, односно 84,48 милиони евра, што претставува намалување од 2 проценти во однос на претходната година.
    Притоа, од Банката посочуваат дека согласно стратегијата за одржување висок квалитет на активата и ниско ниво на нефункционални побарувања, издвоена е исправка на вредност и посебна резерва за вонбилансна изложеност од 1.491.716 илјади денари (24,26 милиони евра), проседено со годишна промена од 27 насто. По ова, добивката пред оданочување е 3.703.714 илјади денари (60,22 милиони евра).

    Кај приливите на средства, Стопанска банка Скопје лани од каматите обезбедила нето-износ од 86,92 милиони евра. Споредено со претходната 2024 година, за 13 отсто помалку. Инаку, од пресметаните и наплатени камати, исходот е 104,19 милиони евра. Респектибилен и покрај годишниот пад од 7,73 отсто. Намалувањето, како што е појаснето, меѓу другото е резултат на падот на каматните стапки и прилагодувањето кон конкурентските услови.

    Намалени, за 14 проценти се нето-приходите од провизии и надоместоци, каде што сумата е  12,14 милиони евра. Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 2,93 милиони евра и се на приближно исто ниво како и претходната година. Останатите приходи од дејноста достигнале 26,94 милиони евра.

    И покрај инфлаторните притисоци, велат од Банката, задржана е оперативната ефикасност. Останатите расходи од дејноста изнесуваат околу 18,03 милиони евра, додека трошоците за вработените21,73 милиони евра.

    Во текот на минатата година, кредитната поддршка што Банката ја обезбедува за населението и за компаниите постигнала износ од 1,77 милијарди евра, со годишен раст од 10 проценти. Кредитите и побарувањата од банките се околу 6,09 милиони евра и бележат намалување од 8 проценти.

    Депозитите (без банкарските) изнесуваат околу 1,95 милијарди евра.

    Вложувањата во хартии од вредност лани пораснале за 21 насто. Банката инвестирала 325,65 милиони евра.

    На крајот од минатата година, вкупната актива на Стопанска банка, по позитивната промена од 9 насто, достигнала до нивото од 157.167.851 илјади денари, односно околу 2,56 милијарди евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично