Бараме веднаш, уште утре да предложите измени на Законот за минмална плата за да се зголеми на 600 евра и да им помогнете на 200 илјади работници кои имаат плата под 30 илјади денари. Ако до крајот на неделата не предложите измени и не ги изгласате потоа, работничкиот револт ќе биде жесток, ќе следуваат блокади, ќе следува генерален штрајк – предупреди лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов, говорејќи пред Собранието, прозивајќи ги пратениците
Доколку не се преземат чекори со кои ќе се исполнат барањата, синдикатигте и работниците ќе пристапат кон собирање потписи и самите ќе предложат законски решенија.
„Ќе собереме 10 илјади потписи со кои ќе станеме овластен предлагач. Ќе бараме 80 проценти да се намалат вашите плати. И ќе бараме зголемување на минималната плата на 600 евра и за најмалку 6.000 денари зголемување на сите плати. Ќе ве ставиме на тест. Или ќе гласате за себе наспроти луѓето кои ве гласаат, или ќе гласате за луѓето кои со нивниот глас ви овозможуваат луксуз“, порача Трендафилов, нагласувајќи дека нема да се откажат од барањата и нема да дозволат поигрување со работниците „од чии даноци земате плата“.
Протестот почна пред Работничкиот дом, а заврши пред Владата.
Аналитика








