ПОВЕЌЕ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ГИ ОБЈАВИ ДОБИТНИЦИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „Биди во акција со секоја трансакција“

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка ги објави среќните добитници од наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“, организирана за корисниците на Mastercard картичките на Банката.

    Извлекувањето ги опфати добитниците на Главната награда – патување и посета на карневалот во Рио де Жанеиро за две лица, како и на останатите вредни награди, меѓу кои се:

    • 5 мобилни телефони – iPhone 17 Pro 256 GB

    • 10 Ray-Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце

    • 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7

    • 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во Skopje City Mall

    • 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во East Gate Mall

    Комерцијална банка им честита на сите добитници.

    Сите учесници можат да проверат дали се добитници на награда преку наведениот линк или со посета на официјалните профили на Комерцијална банка на социјалните мрежи.

    Банката им се заблагодарува на сите кои учествуваа во наградната игра и ги повикува клиентите да останат во акција со секоја трансакција со Mastercard картичките, кои нудат бројни бенефиции и задоволства.

    Правилата за наградната игра и информациите за подигнување на наградите се достапни на веб-страницата kb.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично