Македонија и официјално добива трет мобилен оператор. Агенцијата за електронски комуникации денес свечено му додели на „ОНЕ Македонија“ лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар. Унгарскиот мобилен оператор најави дека стартува со своит услуги во првиот квартал на 2027 година, дека првично ќе почне да работи на територијата на Скопје и дека ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена, за да може на своите идни клиенти да им нуди услуги со целосна покриеност на државата со мобилен сигнал.
Директорот на АЕК, Јетон Акику, му ги врачи одобренијата што се доделуваат со тендерот на Пал Заранди, претседател на одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4иГ, Бране Ѓуровиќ, извршен директор на „Оне Македонија“, и на Габор Алтман, заменик-извршен директор во компанијата.
„За да бидеме целосно независни, тоа бара време и затоа ќе ја користиме мрежата на нашите конкуренти за т.н. национален роаминг. Првично ќе ја лансираме мрежата во Скопје, а потоа и на територијата на цела Македонија’ – рече Заранди. Тој најави дека компанијата има договор со шведски „Ериксон“ и дека ќе се придржуваат до законите на државата за користење безбедна мрежа.
Игор Бојаџиев, претставник на Агенцијата за електронски комуникации, соопшти дека „Оне Македонија“ на 14 јануари го уплатил еднократниот надомест во износ од 8.020.003 евра, со што ги исполни сите услови да ги доби трите одбренија.
Заранди рече дека ОНЕ Македонија очекува сериозен удел на пазарот и покрај тоа што македонскиот пазар до сега бил покриен со мобилните услуги на двата постојни оператора. „И во други држави, каде веќе постоел и трет мобилен оператор, новодојдената конкуренција, преку понуда на нови и поквалитетни услуги релативно брзо на се наметне и да го зголееми пазарниот удел.
Заранди го пофали и спроведениот трансперентен и структуриран процес на тендерот се испраќа јасен сигнал дека Македонија е посветена на фер конкуренција, долгорочни инвестиции и развој на доверливи дигатални инфаструктури – рече Заранди.
Аналитика








