
Маја С. Штериева, член на Управниот одбор на Комерцијална банка, зборува за очекувањата околу движењето на каматните стапки во наредниот период и ги смирува шпекулациите за нивно брзо намалување. Таа објаснува дека иако инфлацијата се стабилизира, глобалните ризици, геополитичката неизвесност и притисоците од страната на платите сè уште влијаат врз монетарната политика. Во разговорот се нагласува дека каматите не се одлука на една банка или на еден пазар, туку резултат на пошироки економски и финансиски услови, и дека секое нивно поместување ќе биде внимателно и постепено.
„Мислам, навистина дека ќе има намалување, колку, како, не можам навистина да кажам, не сакам да шпекулирам, баш не ми е тоа карактеристично да шпекулирам со такви работи. Пред се затоа што навистина и покрај тоа што инфлацијата по пресметкава и по ова што го зборуваме, 4%, личи како да е релативно стабилизирана и очекуваме тенденција на намалување, ние се уште имаме очекувања за зголемување на плати, барања за зголемување на плати.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








