
Маја С. Штериева, член на Управниот одбор на Комерцијална банка, се осврнува на честите реакции во јавноста кога се објавуваат финансиските резултати на банките. Таа појаснува дека профитабилноста не значи автоматски исплата или лична корист, туку пред сè зајакнување на капиталот, резервите и стабилноста на целиот банкарски систем. Овој сегмент го објаснува механизмот преку кој банките обезбедуваат сигурност за депонентите и за економијата во целина.
„Така што очекувам дека банките и во наредниот период ќе задржат солидна профитабилност, не велам дека ќе биде многу поголема од претходните години, но како што многу пати до сега сме разговарале нивната профитабилност, ако се земе во предвид дека значителен дел оди во резерви, тоа е многу добра заштита за системот, бидејќи во изминатиот период капиталните барања постојано се зголемуваат и во Европа за банките, и кај нас преку регулативата на Централната банка, така што еден голем дел од профитите оди во капитални резерви и се зајакнува стабилноста на системот..“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








