
Тинекс, како еден од водечките малопродажни ланци во земјава, ја претставува својата нова мобилна апликација која овозможува целосно дигитално искуство и ја интегрира Поен+ програмата за лојалност на едно место. Поен+ програмата важи во сите продажни објекти на Тинекс, Конто, Спот, Космо дрогерии, како и Тинекс Хоум.
Новата апликација им нуди на корисниците едноставен и брз пристап до нивната Поен+ сметка, преглед на освоените поени, персонализирани промоции, како и ексклузивни понуди кои ќе важат само за нив. Преку анализирање на навиките за купување, апликацијата овозможува креирање на индивидуални акции, специјални попусти и персонализирани подароци, со цел да се награди лојалноста на секој корисник на уникатен начин.
„Со новата апликација правиме значаен чекор кон дигитализација и унапредување на корисничкото искуство. Нашата цел е секој Поен+ корисник да добие релевантни, корисни и навремени понуди што навистина одговараат на неговите потреби“, истакнуваат од Тинекс.

Дополнително, апликацијата ќе служи како директен комуникациски канал преку кој корисниците ќе бидат навремено информирани за новитети, специјални акции и кампањи, достапни исклучиво преку апликацијата.
Новата Тинекс апликација е достапна за преземање на Android и iOS уредите и е бесплатна за сите корисници. Со неа, Тинекс уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации и создавање додадена вредност за своите потрошувачи.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Тинекс или следете ги официјалните канали на социјалните мрежи.
Аналитика








