ПОВЕЌЕ

    Ревидирани индексите МБИ10 и ОМБ – Пресметка по ново од 30 декември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Обичните акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Реплек АД Скопје – се елементи на индексот МБИ10, согласно Методологијата за негово пресметување. Комисијата за берзански индекс ја изврши редовната ревизија.

    Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската берза, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на ОМБ се следните обврзници: за денационализација-осумнаесетта емисија (RMDEN18); за денационализација-деветнаесетта емисија (RMDEN19); за денационализација-дваесетта емисија (RMDEN20); за денационализација-дваесет и прва емисија (RMDEN21); за денационализација-дваесет и втора емисија (RMDEN22) и за денационализација-дваесет и трета емисија (RMDEN23).

    Индексите по новиот состав ќе се пресметуваат од 30 декември, а следната редовна ревизија ќе се реализира на 15 јуни идната година, информираат од Македонска берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично