
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов во поткастот „Каде се парите?“, открива дека Фондот за ПИОМ повеќе од една деценија функционира без ниту еден актуар – експерт кој ја прави долгорочната математика на пензискиот систем.
Тој објаснува дека политичките притисоци и кадровските пропусти во минатото довеле сите актуари да си заминат од институцијата и да преминат во приватни компании.
Ова значи дека институцијата е како брод со мотор и капетан, но без кормило – без човек кој го дава правецот на пловидба. Ова директно го загрозува планирањето на пензискиот систем, неговата одржливост и прецизните проекции.
„Кога имате вие политичко силување на Фондот, на институцијата, имате ваков дисбаланс. И од кадровски, од стручен аспект, било дозволено актуарите кои што биле до 2013 година да се заминат од Фондот. Тие се сега актуари во приватните осигурителни компании. Меѓутоа, да создадете еден актуар е процес. Тоа се луѓе кои се високо стручни аналитичари, кои знаат аналитика, статистика и кои што можат да планираат долгорочно. Сега, во последниот период, ние ќе направиме сериозни анализи кои што ќе ги доставиме до владата, со бројки да видиме дали овој швајцарски модел што е актуелен, кој што е на сила од март месец 2020 година, ги дал прецизните и точните податоци за зголемувањата на пензиите.“
Следете не и притиснете „Subscribe“
Аналитика








