
Хуманоста повторно ги обедини вработените во Сава Осигурување и Сава Пензиско. Во соработка со Црвен крст на град Скопје беше организирана традиционалната крводарителска акција, чија цел е поддршка на здравствениот систем и промоција на солидарноста и општествената одговорност.
Компаниите изразија голема благодарност до сите вработени кои доброволно даруваа крв и уште еднаш покажаа дека вистинската сила се крие во малите дела што спасуваат животи.

„Дарувањето крв е чин на љубов, одговорност и поддршка за оние на кои им е најпотребно. Само една капка може да значи нечиј нов почеток. Продолжуваме и понатаму да ја негуваме традицијата на хуманост и да градиме општество во кое добрината секогаш победува“, велат до Сава.

Со вакви акции, Сава Осигурување и Сава Пензиско најавуваат натамошно вложување во општествено одговорни проекти и поттикнување на култура на хуманост и добрина.
Аналитика








