Тони отпад, главно пластика и стиропор, но и крупни објекти како стари фрижидери, допловиле вчера до старото градско пристаниште во Дубровник, еден од бисерите на хрватскиот и светски туризам, по невремето проследено со силен ветер и големи бранови. Плажите во стариот град се преполни со голема количина ѓубре и пластика, а судејќи според етикетите, поголемиот дел од него доаѓа од Албанија, јави Дубровачки Дневник.
Денес доброволци и лица ангажирани од дубровничката општина чистеа илјадници килограми отпад од една од најпознатите плажи на Дубровник, плажата Бања, покажува видеото што денес го објави весникот.
„Големи поздрави од Албанија, а во морето има уште ѓубре како во приказна. Бања е полна“, објави еден жител на социјалните мрежи, со опис на фотографиите.
Проблемот, велат тие, не е нов и се повторува, а тоа е меѓународно прашање кое било дискутирано кога биле утврдени чекорите што ќе се преземат за негово решавање. Сепак, очигледно е дека проблемот не е целосно решен.
(Фото: Banja Beach, Dubrovnik, Wikimedia Commons)
Аналитика








