ПОВЕЌЕ

    Новогодишна кампања на Телеком: Најтешката порака е неиспратената

    Време зa читање: 2 минути

    • За време на празниците, ТВ содржини без дополнителен надомест, празнични цени на одбрани уреди и на сите филмови од MagentaTV видеотеката и други изненадувања за сите корисници

    Минатата година Телеком ја отвори темата за рушење на бариерите и за вистинско поврзување. Оваа година, компанијата ја продолжува истата приказна, фокусирајќи се на една универзална бариера со која се соочуваме сите — прекинатите врски со луѓето што ги сакаме.  Сите го знаеме тоа чувство — кога ќе се оддалечиме од некој што ни бил близок, некоја порака останува неиспратена и како што поминува времето, тишината станува сè потешка. Со Новогодишната кампања, Телеком потсетува дека сè што е потребно за повторно поврзување е само да ја испратиме таа порака.

     Видео со порака за повторно поврзување со оние коишто ни значат

    Видеото на кампањата раскажува приказна за една млада жена којашто е оптоварена со неиспратената порака до својата мајка. Емотивната тежина на тишината добива физичка форма — таа се претвора во една голема, тешка вреќа што постојано ја следи. Дури откако конечно ќе собере храброст да ја испрати пораката, таа се ослободува од товарот. Вреќата исчезнува.

    Кампањата е заснована на една едноставна вистина: нема потешка порака од онаа што не ја испраќаме, а тишината може да нè оддалечи повеќе од која било граница или бариера. Со оваа кампања сакаме да ги поттикнеме луѓето да ја прекинат тишината, да го надминат она што ги спречува да преземат акција и повторно да се поврзат со оние што им значат најмногу.

    Видеото  се емитува во десет земји членки на Групацијата Дојче Телеком:

    Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Полска и Словачка, како и Германија.

    Новогодишни поволности за корисниците на Телеком

    И овие празници Телеком подготви многу поволности за своите корисници. Почнувајќи од 20-ти ноември, ТВ пакетите HBO, Gley, PickBox, како и „Учиме со Биби и Боби“ ќе може да се гледаат без надомест, а сите филмови од  MagentaTV видеотеката ќе се изнајмуваат за само 29 денари. Ќе бидат достапни и голем број уреди по празнични цени, а со секој нов или обновен договор на тарифата Magenta 1 Unlimited корисниците добиваат и празнично изненадување. Дополнително, тие ќе можат да активираат и 5 GB роаминг интернет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично