Отворените инвестициски фондови располагаат со 27,7 милијарди денари, односно 451,5 милиони евра. Нивната нето вредност во октомври се зголемила за 2,93 насто. Активностите превагнале кај страната на приливите, додека кај исплатата на средства е забележано намалување, наведено е во октомврискиот извештај на Комисијата за хартии од вредност.
Во текот на десетиот месец од годинава е остварен вкупен прилив 31,1 милион евра. За споредба, во септември се работело за износ од 27,9 милиони евра, што претставува месечна зголемување за 13,3 насто.
За 22,8 отсто се пониски одливите на средства. Во октомври достигнале 23,5 милиони евра.
Од тие движења произлегла и позитивната нето-разлика во отворените инвестициски фондови – од 8,1 милион евра.
Аналитика








