
Митевски повикувајќи се на компаративното истражување спроведено во шесте земји од Западен Балкан за тоа колку овие држави се блиску до просеците на ЕУ во областа на економијата истакна дека има повеќе сценарија околу доближување до стандардите на Унијата. Полноправното членство или поголемиот пристап до фондовите значително го скратуваат патот до ЕУ – просекот, особено кај економијата, социјалата и инфраструктурата. Клучната порака е дека целта не треба да биде 100% од просекот на ЕУ, туку стабилни 80%, како реалистично ниво за подобар животен стандард.
„Резултатите покажуваат дека да, особено во економските, социјалните, инфраструктурните, тоа ќе придонесе за голем дел од поместувањата, па дури и двојно-тројно намалување на конвергенцијата, односно на периодот за конвергенција. Тоа значи дека, ако ни требаат 50-60 години за да достигнеме просек за доход по глава на жител, или над 100 години ако ни требаат сега во моментов, тоа ќе се преполови и ќе дојде некаде на 40-тина…
…Доволно е да постигнеме Европски просек на ниво на 80% за да можеме да имаме поубав живот.“
Премиера: четврток 12:00 часот, притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Аналитика








